ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

17. ноември 2021.

Зелената логистика како услов за современ менаџмент на животната средина

Aвторот: Моника Зајкова, Северна Македонија

Без силно младинско движење, не може да има енергично граѓанско општество, а без силно граѓанско општество, демократијата страда.

Ова е премисата од која што тргнуваат државите ширум светот, препознавајќи ја важноста од активното вклучување на младите во процесот на донесување одлуки, како еден стремеж на секое современо општество.

Еден од механизмите за создавање проактивни млади луѓе се добро осмислените младински мерки и политики. Од исклучителна важност е да им дадеме на младите луѓе безбеден простор каде што ќе можат не само да да ги изразат своите ставови и мислења, туку и простор каде што нивниот глас ќе биде слушнат, вреднуван и ценет.

Ваквиот пристап е двојна победа: не само што ќе придонесеме кон нивно активно учество, развивање на нивната критичка мисла, туку и на овој начин се бориме против младинската апатичност, која за жал е се повеќе присутна, особено помеѓу младите луѓе.

Младите бараат систем кој е функционален, ефикасни институции, систем каде постои индивидуална одговорност. Систем кој им нуди еднакви можности и услови за образование, работа, користење на младински грантови за започнување на сопствен бизнис односно развој на младинското претприемништво.

Сите овие се легитимни барање на кои ние како држава и општество, сме должни да одговориме и истото да се обидеме да го обезбедиме. На тој начин вложуваме во квалитетот на младите, ги правиме поатрактивни на пазарот на трудот и воедно се бориме против младинската невработеност која што станува се позастапена ширум светот.

Токму затоа е потребно да вложуваме во системот, да вложуваме во неговиот раст и развиток, бидејќи на тој начин индиректно вложуваме и во младите, преку создавање на средина која што ќе им овозможи да го развијат својот потенцијал.

Доколку ја анализираме моменталната состојба, можеме да кажеме дека во Република Северна Македонија е направен значителен напредок во контекст на подобрување на состојбата на младите. Имено, донесен е Закон за младинско учество и младински  политики, кој им помага на младите во нивното  дејствување. Исто така во Собранието како неформално тело постои Клубот за младински политики кој работи во интерес на младите луѓе со тенденција да прерасне во Комисија за млади и младински прашања како постојано работно тело во македонскиот парламент. Како избрани претставници на граѓаните во Парламентот имаме должност да им обезбедиме на сите функционален систем кој нив и нивните деца ќе ги задржи дома и ќе им го подобри животниот стандард.

Проблемите единствено се решаваат преку нивно актуелизирање во јавноста, па затоа да не се плашиме јавно да говориме за она што ни пречи.

Ние ги креираме практиките. Затоа иако во минатото бев скептична за активно вклучување во процесот на креирање политики сметам дека секој млад човек треба да биде активен чинител, тоа не значи дека мора да членува во политичка партија, но да биде дел од граѓанскиот сектор, гласно да говори, да дава предлози.

Само на тој начин лошите практики од минатото ќе бидат заменети со еднакви можности, неселeктивност, достапност, функционалност. Само на тој начин ќе може да го слушнеме младинскиот глас.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Напишете коментар