ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

17. ноември 2021.

Недостаток на демократија и владеење на правото - причина за одлив на мозоци

Aвторот: Ардита Вејсели, Истражувач, Институт за европска политика (ЕПИ), Северна Македонија

Иако постои каузалност помеѓу високата стапка на невработеност и одливот на мозоци, сепак, треба да се напомене дека причините за овој феномен не се „еднонасочна улица“.

Фокусирањето само на еден аспект на одлив на мозоци, како што е високата невработеност, ја поткопува важноста и каузалноста на другите аспекти, како што се политичките, социјалните, институционалните и образовните аспекти. Заедно со невработеноста, на пример, мора да разгледаме и други фактори што можат да предизвикаат одлив на мозоците. Исто така, треба да размислиме како влијае политичката клима врз ваквите одлуки за миграција или каква улога играат квалитетот на услугите, корупцијата или реформите во животот на младите. При справувањето со проблемот на одлив на мозоци, мора да се земат во предвид и анализираат политичките и институционалните причини. Овие фактори играат важна улога не само во животот на младите, туку и на целата популација.

Демократските институции и фер политика

Според најновата регионална студија за млади од фондацијата Friedrich Ebert Stiftung (FES), младите во Северна Македонија им даваат релативно големо значење на човековите права (повеќе од 40%), демократијата и владеењето на правото како главни социо-политички вредности во споредба со другите земјите од регионот. Понатаму, младите сметаат дека нивната влада треба да се фокусира на, на пример: обезбедување на човекови права и слободи и борба против корупцијата и организираниот криминал. И на крај, задоволството од состојбата на демократијата во Северна Македонија е намалено кај младите. Гледајќи ги овие три столба како најважни социо-политички фактори, се забележува дека младите сакаат да живеат во земја која има функционален систем и каде се почитуваат правата. Горенаведените фактори сугерираат дека перцепцијата на младите за функционирањето на системот и состојбата во земјата се песимистички, и во таа смисла, придонесуваат за одлуката на младите да мигрираат.

Кога станува збор за институциите, неодамнешни податоци укажуваат на недостаток на доверба во националните институции. Распространета корупција и непотизам, бавните реформи во јавната администрација, влошените услуги, занемарувањето на важни социјални теми од страна на политичките партии се некои од факторите што влијаат на ваквиот однос кон националните институции. Најновата студија за младите во Северна Македонија открива дека политичките партии, претседателот, локалната самоуправа и националниот парламент се меѓу најниско рангираните во однос на довербата во националните институции. Друго истражување укажува на корелација помеѓу јавните институции и одливот на мозоци. Имено, младите кои веќе мигрирале во ЕУ и надвор од европскиот континент, имаат негативни мислења во врска со етичката клима во јавните институции. Повеќе од половина од младите сметаат дека јавните институции не даваат значење на обезбедувањето добри услуги на граѓаните, како и 85% сметаат дека јавните службеници не даваат се од себе во унапредувањето на интересите на граѓаните. Она што е интересно е дека голем број млади сметаат дека без да имаат „врски“ не може да им се обезбеди соодветна услуга, истото и за јавните службеници, се корумпирани и примаат / очекуваат мито за давање услуги на граѓаните, услуги кои би требало да се направат без да се очекува „награда“ за возврат. Позагрижувачки аспект е што 85% од младите го споменаа незадоволството во јавните услуги како поттик за миграција.

На крај, се насочуваме кон политичко и граѓанско учество и застапеност на младите. Идејата за младинско учество и застапеност е со цел да се донесе промена и да се искажат потребите на младите во различни области. Бидејќи незадоволството се покажува кон јавните институции и претставничките тела, треба да се земат во предвид и политичкото учество и застапеноста на младите. Причината зошто ова треба да се земе предвид е само факт на чувството на припадност. Во неодамнешното истражување направено од Westminster Foundation for Democracy (WFD), шокантни 80% од младите не се чувствуваат застапено од националната политика, поточно дека властите делумно се грижат за нивните проблеми или воопшто не се грижат за нив. Доколку постои средина каде што младите се чувствуваат како да ги претставуваат национални политики и политичари и имаат средства да ги искажат своите грижи, мисли и идеи, ова ќе резултира со чувство на припадност во конкретното општество и ќе се исполни намерата да се донесе промена. Во индексот на развој на младите на Македонија, според Глобалниот индекс на развој на младите, од 2016 година, Македонија ги има најниските резултати во категоријата граѓанско учество. Според индексот на развој на младите од 2018 година, 69,1% од младите немаат воспоставено интеракција со претставници на владата, било да е тоа на локално или национално ниво. Студијата за WFD исто така покажува дека 71% од младите се опишуваат себеси како социјално неактивни граѓани и дека само 3% се целосно задоволни со своето место во општеството.

Големата желба за човекови права и демократија, чувството на мала застапеност, незадоволството од националниот систем и фактот дека само 3% од младите се целосно задоволни со својата позиција во општеството, ја изразува потребата за целосни политички и социјални реформи во земјата.

Потребни реформи

Да резимираме, на одливот на мозоци влијаат слабата доверба во институциите, недостатокот на демократски процес и недостатокот на политичка застапеност. Потребно е да се претстави дека заедно со економските реформи што ги презема земјата или барем треба да ги преземе за да се справуви со високата стапка на невработеност, како врвни приоритети треба да се воспостават и реформите за стекнување довербата на младите во институциите. За да се надмине неповолниот тренд на одлив на мозоци и да се минимизира неговото влијание врз иднината, потребна е поголема политичка волја и соработка на повеќе засегнати страни во општеството. Ваквите реформи треба да бидат систематски и темелно спроведувани со учество на сите релевантни чинители за да може да се постигнат максимални резултати. Систематските реформи треба ќе одговорат на потребите на младите без разлика дали се, економски, политички или социјални.

Одливот на мозоци ќе продолжи да биде голем проблем во земјата, доколку не се појави политичка волја за промена на моделот на функционирање на државата.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Напишете коментар