ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

16. ноември 2021.

Зелената логистика како услов за современ менаџмент на животната средина

Aвторот: м-р Марио Чобанов, Cеверна Македонија

Логистиката како деловна функција е инкорпорирана во активноста на сите производствени, трговски и услжни деловни ентитети. Оваа деловна активност не е нова, но во последните дваесеттина години започнува обидот за нејзина оптимизација и ефикасност.

Денес, на логистиката и бизнис-логистиката во академската средина им се дава големо внимание, па така, доколку ја набљудуваме логистиката како современа научна дисциплина, таа претставува интердисциплинарна и мултидисциплинарна дисциплина. Од друга страна управувањето (во натамошниот текст: менаџмент) со животната средина и нејзината заштита станува се поактуелна тема во едно современо општество, поради актуелните проблеми со кои се соочуваме.

Со актуелизирање на циркуларната економија и одржливиот развој се развива и зелената логистика. Зелената логистика е заеднички предизвик како на економистите, така и на еколозите и правниците. Токму од таа причина потребно е да се спојат научните и организациските сознанија со цел трајна интеграција на логистичките активности во концептот на менаџмент и одржување на животната средина.

.

Зелената логистика која е позната и како еколошка логистика, се однесува на одржливи политики и мерки кои се фокусираат на намалување на негативните ефекти од традиционалниот пристап на логистиката врз животната околина и нејзиниот квалитет. Тоа значи конфигурирање на логистички процеси, организациски структури,  логистички системи, опрема и средства што се применуваат во подрачје на транспортот. Политиките и мерките на зелената логистика и одржливиот развој се шират и во подрачје на дистрибуцијата, со што се развиват нови методи на продажба, како и нови методи за управување со залихи, во подрачје на складишното работење.

Транспортот, односно превозот, во моментов изнесува половина од глобалната потрошувачка на нафта и скоро 20 % од глобалната потрошувачка на енергија и близу 40 % е поврзан со градскиот превоз (урбана логистика). Всушност, Меѓународната егенција за енергија предвидува овие бројки двојно да се зголемат до 2025 година, главно поради купувањето преку интернет, затоа логистичката индустрија мора да најде попаметен и поиновативен метод на дистрибуција на стоки, притоа водејќи сметка за рамнотежата на економскиот раст, но и заштитата на животната средина.

Покрај тоа што логистиката не е позната по својата одржливост како индустрија, зелената логистика се залага да ги редуцира негативните ефекти врз животната средина од логистичките процеси и операции, загадувањето на воздухот, почвата, звукот и водата, како и рационално да ги користи ресурсите и суровините. Токму од оваа причина, во високото образование на насоките каде се изучува логистика на бизнисот се повеќе се воведуваат предметите од проблематиката на зелената логистика, реверсната логистика, како и менаџментот со ресурсите во логистиката. Тоа значи дека и образовниот сектор се залага да ги едуцира младите истражувачи за новите аспекти на логистиката заснована врз еколошките прописи.

Клиентите ги вреднуваат и имаат позитивен впечатов за компаниите кои спроведуваат зелени практики. Токму затоа, во маркетингот велиме дека зеленото се продава подобро. Зелените потрошувачи најмногусе застапени во Јужна Америка и Азија, додека потрошувачите од Европа сè уште остануваат резервирани према зелените практики.

За да се постигне зелена економија, компаниите мора да изберат системски да ги модифицираат своите активности и да го вклучат влијанието врз животната средина во нивните стратешки и оперативни планови, што веројатно позитивно ќе влијае на нивниот бизнис. Предизвикот наречен зелена логистика претставува изнаоѓање модели кои ќе ни овозможат балансирање на различните проблеми: намалување на трошоците, подобрување на нивото на услугата, дефинирање на соодветно ниво на залихи итн. Освен свеста на компаниите, потребно е зелената логистика да биде поддржана и од страна на државата, во прво време во вид на зелени кампањи и промоција на зелени стратегии и тактики.

На глобалниот пазар компаниите веќе почнуваат да се залагаат за следниве практики: примена на алтернативни погонски системи за возила, како што се течен гас, хибридни или електрични возила, оптимизирање на управувањето со возниот парк,  искористување на интермодалниот транспорт, обединување на пратките, подобрување на процесите за управување со залихите и реверсна логистика, поставување магацини или штандови каде шпедитерите можат да исфрлат десетици парцели во една точка итн.

Постојат многу иницијативи кои се залагаат за зелените практики. Една од нив е Lean & Green која е европска иницијатива што вклучува повеќе сектори, а чија цел е да инспирира соработка на членовите на синџирот на снабдување за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 20 % за пет години во логистичките процеси на 500 овластени компании во Луксембург, Белгија,  Германија, Чешка, Словачка и Швајцарија. Компаниите учеснички (во иницијативата?), исто така, ќе ги намалат своите трошоци, ќе ја зголемат нивната транспарентност и следливост, и ќе имаат корист од размената на знаење.

Планирањето на логистичките процеси и операции врз основа на современите еколошки принципи претставува сигурен пат кон заштита на животната средина, а од друга страна обезбедува логистичка ефикасност и одржлив развој.

Во иднина, компаниите ќе ја мерат ефикасноста на синџирот на снабдување според нивната способност да ги интегрираат своите традиционални логистички цели – цена и ниво на услуга – со влијанието врз животната средина.

Како последна мисла, може да се истакне дека кога – тогаш потрошувачите ќе ги вреднуваат компаниите според влијанието кое го имаат врз животната средина, освен стандардните проблеми на потрошувачите кои се однесуваат на квалитетот и цените. Оваа освестеност ќе се должи на фактот дека токму новите генерации растат со еколошките проблеми и учат од грешките на другите.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Напишете коментар