Извор: Christie’s/Beeple
Волонтерка
Институт за европска политика – Скопје
Денешните генерации повторно достигнаа да доживеат нов додаток во информатичкото општество. Уметниците го најдоа вистинското време за да го насочат вниманието на луѓето кон современиот уметнички екосистем – крипто уметност. Веб страници како SuperRare, Nifty Gateway, Marketplace и многу други, им овозможија на уметниците да создадат име за себе во дигиталниот простор со едноставно купување iPad, наместо да се валкаат со практикување на традиционалните методи на сликање. Ако некој ги чита вестите, до сега сигурно прочитале за дигиталниот уметник Beeple и неговиот успех во продажбата на NFT во вредност од 582.000 долари за само 5 минути. Ова е уште еден пример за влијанието на новите технолошки достигнувања и нивното брзо ширење. Комплексната математика која придонесе за растот на оваа генерација може да се појави како големо подобрување на општеството за знаење, сепак, нејзините влијанија врз животната средина покажуваат поинаку.
Уметничките дела на Леонардо да Винчи, Пикасо се колективно сместени во музеи и уметнички галерии низ целиот свет. Она што ја прави нивната уметност вредна е што таа првично е создадена / нацртана од нив. Креаторот на уметничко дело може да се пронајде низ историјата и времето.
Во дигиталниот свет, ова работи поинаку. Може да се нацртаат некои слики, да се направи 3D гиф или клип-арт, но пронаоѓањето на сопственикот доаѓа со многу потешкотии. Лесно е да се копира или преземе дигиталната уметност, но сепак овој чин не го прави поседувачот. Со блокчејн технологијата, преку развојот на блокови со уникатни множества на броеви и букви, уметноста може да се поврзе со сопственикот. Ова не важи само за уметнички дела. На кратко, блокчејн даваат уникатни идентификатори на одредени предмети со кои се потврдува дека авторот е сопственик, уметник и затоа ги прават уникатни / вредни.
Следниот дел содржи кратко објаснување на некои од поимите поврзани со темата крипто уметноста. Прво, што е крипто уметност? За оние кои не слушнале за тоа, крипто уметноста е уметност која користи блокчејн технологија како начин на создавање и дистрибуција. Со цел да се визуелизира како работи блокчејн технологијата, таа може да се поврзе со табела која се карактеризира со одредени необични правила. Оваа табела се двии само во еден правец, што значи дека ништо не може да се избрише, додаде, или на кој било начин да се измени во претходните колони, а последователните мора да бидат одобрени преку сложени математички операции. Слично како редовните табеларни пресметки, овие се исто така корисни за следење на трансакциите. Сите обиди да се направат промени во однос на трансакциите и сопственоста ќе бидат забележани, правејќи ја ваа технологија побезбедна.
Друг важен термин е NFT (Non-Fungible Tokens / незабележливи токени), особено Т-токените. NFT повторно се blockchain технологија што овозможува собирање и размена на прилично се, во овој случај, тоа е уметност. Значи, она што треба да се направи за да се учествува е да се создаде уметност, а потоа да се генерира како потрошувачко добро засновано на NFT (да се токенизира), правејќи ја личноста сопственик на дигитално уметничко дело. И покрај тоа што крипто уметноста звучи исклучително кул, не многумина знаат дека таа е исклучително лоша за околината. Блокчејн технологијата е назначена како „непотребно загадување“, „енергетски газлер“ и „еколошка катастрофа“. Почувајќи од модернизацијата и ревалоризацијата на крипто-валутите во 2017 година, таканаречениот процес на рударство за крипто се зголеми брзо и учеството во крипто сцената стана хит. На лично ниво, ова може да изгледа збогатувачко, сепак, од гледна точка на екологист, рударството е проследено само со слаб квалитет на воздухот и пораст на СО2 емисиите. Пред да се приложат фактите, важно е да се разбере како блокчејн технологиите, кои се виртуелен феномен и дел од интернетот, имаат волкав ефект врз околината. Накратко, интернетот сепак се потпира на физички сервери, кои се поврзани со кабли и рутери, формирајќи врски на глобално ниво. На овие физички сервери им потребна е енергија, за да може правилно да работат, која произлегуа ог извори на енергија како што се природните гасови или јагленот кои со горење на крајот ослободуваат големи количини на СО2 емисии. Употребата на ергија и количина на СО2 емииси испуштени во воздухот покаживаат позитивна корелација.
Крипто уметноста се потпира на Ethereum (блокчејн со отворен извор) за следење на трансакции / купување и продавање уметност. Рударството за еутериум има зачудувачки ефект врз животната средина. Во сегашната состојба целата мрежа на Ethereum троши повеќе електрична енергија од голем број земји. За една трансакција троши 34 KWh, оваа количина на моќност на електрична енергија би можела да напојува 1,14 домаќинства во САД во еден ден. Идентификаторите на блокчејн се засноваат на математика. Потребно е да се направат големи серии на пресметки за да се создадат нови идентификатори. Колку повеќе компјутери ги прават овие пресметки, толку повеќе се троши енергија, што е безпотребно да се нагласи дека е алармантно за околината. Иако не е целосно потребно да се направат толку многу пресметки за да се потврди потеклото, ова стана доверлив систем за верификација nа глобалната мрежа на крипто-валути со цел да се осигура дека никој нема да се меша во ваква глобална скала на трансакции. Истражувањето од Memo Akten ги покажува неетичките и непотребните количини на употреба на енергија и емисии што ги исфрламе во воздухот со само на пр. следење на продажбата и понудите на блокчејн.
И покрај тоа што е интересен концепт, едноставно избегнување на фактот дека крипто уметноста не е еколошка, нема да го реши проблемот. Доколку има заинтересирани, може да се најдат крипто уметности на оваа веб-страница која што ќе го прикаже количеството енергија што го користи, како и емисиите, во споредба со потрошувачката на електрична енергија на жител на ЕУ, пресметана во години. Крипто уметноста се уште е во раните години, и ова треба да се земе како предупредување врз оглед на количината на енергија што веќе ја троши.
Доколку гледаме на позитивната страна, истражувачите веќе ја зедоа предвид сериозноста на проблемот и се вели дека работат на решенија за намалување на предизвиканата штета на животната средина. Имајќи ги предвид штетите, крипто-валутите не треба да се сметаат за валути на иднината. Меѓутоа, ако некој се префрли на поеколошки извори на енергија, како што се сончевата, хидро, енергијата на ветерот, би можеле да се водиме кон помали емисии што резултираат во забележителни подобрувања за одреден временски период.
Споделете