Сите сме свесни дека технологијата напредува секој ден, овозможувајќи да биде истовремено наш пријател и најголем „непријател“ кој ни го загрозува нашето постоење.
Живееме во XXI век каде технологијата владее со светот, никој од нас не ни помислил дека целиот животен циклус ќе ни биде суспендиран, и дека вирус ќе не натера да сфатиме дека животот има многу поголема вредност отколку што замислувавме. Секоја земја се разбуди со нови идеи, и покрај технолошкиот напредок, разбравме дека за се има ограничување, секоја земја погодена од вирусот се соочи со оваа пандемија, и се соочи со предизвикот за улогата на технологијата како одговор на нашите потреби. За тоа време дојде до знаење дека технологијата ги заменува активностите извршени од човечки суштества и дека може да биде корисна за одговор на комплексни проблеми ширум светот.
Секоја од нашите активности доби друга димензија, на пример, образовниот систем во нашата земја не беше подготвен да одговори на предизвиците што се појавија од пандемијата. Без оглед на неочекуваната промена, се чинеше дека се се искриви и се прилагоди на протокот, наставата премина од физичко на виртуелно, состаноците, конференциите и процесите на донесување одлуки се се одржува виртуелно. Поголемиот дел од нашите основни потреби се исполнети преку технологија каде што деловните активности ја презедоа контролата над ситуацијата и ги префрлија поголемиот дел од своите услуги на интернет.
Технологијата стана најголем помагател преку зајакнување на различните аспекти од нашите животи во кои можеме да ја вметнеме и технологијата, исто така преку минимизирање на физичкиот контакт, што може да биде витална закана во случаи на пандемија.
Врз основа на перспективата на моите врсници, идентификував некои придобивки и недостатоци за животот во виртуелниот свет.
Придобивки:
Недостатоци:
Со кратко сумирање на гореспоменатото, го поддржувам принципот дека живееме во виртуелен свет, кој за некои луѓе може да претставува позитивен аспект. Како не многу голем љубител на технологијата, верувам дека животот треба да тече слободно. Напредокот на технологијата е важен чекор за човештвото, но во одредена мерка при што нема да ја изгубиме нашата мисија како човечки суштества и инстинктот на расудување за одржување на човечките вредности и квалитети.
Споделете