БЛОГ
5 мај 2021
Обновливи извори на енергија – Босна и Херцеговина како запоставен потенцијал
БЛОГ
5 мај 2021
Обновливи извори на енергија – Босна и Херцеговина како запоставен потенцијал
Извор: Report.az
Студент по право, активист
Обновливите извори на енергија се оние извори што се добиваат од природата, можат да се најдат во форма на сонце, ветер, вода, биомаса и геотермална енергија и можат постојано да се користат и генерираат. Како такви, тие се клучен фактор во развиените земји. Со оглед на новите политики за заштита на животната средина, развојот на енергијата со ниско ниво на јаглерод се поставува како соодветна алтернатива, што може значително да придонесе за намалување на јаглерод моноксид и стакленички гасови и што остава разни научно докажани последици. Причината за сето ова е зголемената јавна чувствителност за климатските промени, како и различните негативни последици од конвенционалниот начин на производство на енергија, односно електрична енергија и топлина. Прашањето за енергетска стабилност и безбедност со текот на годините стана исклучително важно во рамките на економскиот и социјалниот систем. Со технолошкиот развој, обновливите извори добиваат сè поголемо внимание, бидејќи нивната ефикасност делумно зависи од современите технолошки достигнувања. Тековните очекувања се големи, но убеден сум дека ќе бидеме изненадени од напредокот на технологијата во наредните години со оглед на тековните инвестиции.
Кога станува збор за Босна и Херцеговина, овие извори на енергија претставуваат тема на која не се посветува доволно внимание, така што земјата која има значителен потенцијал во областа на енергетиката, го намалува своето производство на топлинска и електрична енергија во голема мера до употребата на конвенционалните извори. Водените текови на големите реки, сончевата и ветерната енергија во Херцеговина, биомасата низ целата земја претставуваат значителен потенцијал за развој на производството на обновлива енергија во овој дел на Европа. Ова е потврдено со анализата на Енергетската заедница на Југоисточна Европа, која ја класифицира БиХ како земја со многу голем потенцијал за развој на нискојаглеродна енергија. Меѓутоа, за сето ова да биде изводливо, потребни се одредени промени во форма на посоодветни регулативи, почитување на меѓународните договори кои, за жал, добиваат политичка конотација во оваа област, подобра координација помеѓу сите нивоа на влада, пари и јавни свесност за важноста на обновливите извори на енергија за Босна и Херцеговина и сето тоа што придонесува.
Ако земеме во предвид дека самата Европска Унија е создадена врз принципите на енергија, односно дека нејзините почетоци ги гледаме во форма на Европската заедница за јаглен и челик, треба да се очекува обновливите извори да се на самиот врв на европската Агенда на Унијата. Сепак, усогласувањето на регулативите со Европската Унија, ќе биде приличо тешко за Босна и Херцеговина доколку на овие форми на енергија не им се посвети значително внимание и под тоа, мислам на креирање на соодветни стратегии за заштита на животната средина и развој на обновливи извори на енергија, како дополнение до законодавството за квалитет. Според европскиот пакет, се очекува употреба на најмногу 32% енергија од обновливи извори до 2030 година, односно целосна декарбонизација на електричниот сектор до 2050 година. Ако, како земја, веќе започнуваме со значителен напредок во оваа област, усогласувањето ќе биде многу полесно, иако условите за влез во Европската Унија со текот на времето ќе стануваат сè понапорни. Затоа е важно да се следат сите барања во периодот кога се актуелни и додека се зборува за нив. Со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, БиХ се обврза на имплементација на многу директиви поврзани со одржлив развој и заштита на животната средина, односно прифаќање на „зелената политика“. За жал, спроведувањето на овие протоколи, конвенции и директиви наидува на значителни тешкотии како резултат на недостаток на институционална и законска рамка.
Може да се каже дека Босна и Херцеговина направи значителни чекори напред кон „зелените технологии“ во споредба со порано, но има уште многу да се работи. Верувам дека БиХ ќе треба да преземе поактивна улога во користењето на средствата на Европската Унија во областа на Интелигентната Енергија, како и да започне голем број проекти за заштита на животната средина. Иако употребата на средства претставува сериозна подготовка во форма на кадровска, законодавна и техничка поддршка, придобивките се навистина многубројни. Јас би навел три големи придобивки од користењето на овие средства:
-Подобра средина за граѓаните
-Создавање нови работни места, т.н. „зелени работни места“
-Инвестиции што се во согласност со „зелената агенда“
Не морам да споменувам колку им се потребни овие бенефиции на граѓаните на Босна и Херцеговина, бидејќи често може да се забележи дека некои нејзини градови се вклучени меѓу најзагадените во светот, а камоли да зборувам за стапката на невработеност. Со заминувањето на населението или таканаречениот „одлив на мозоци“, и се нанесува голема економска штета на државата и затоа се неопходни инвеститори за да напредува најслабата економија во регионот.
Потенцијалот на обновливи извори е неизбежен. Она што е потребно во овој момент е ставање крај на трансферот на одговорности меѓу сите нивоа на власт во Босна и Херцеговина и активна работа за усогласување со современите економски и социјални системи засновани на зголемената употреба на обновливи извори на енергија. Темата за климатските промени и заштитата на животната средина ќе станат порелевантни, дури и во сиромашните земји и земјите во транзиција. Свеста за заштитата на животната средина и важноста од користењето на обновливи извори на енергија во Босна и Херцеговина е сè уште мала, и постои голема потреба од образование, како и профилирање на идните работници преку образовни институции, но и преку неформално образование за подобро решавање на ова прашање.
Споделете