За жал, доказите за негативните последици од користењето на социјалните медиуми врз менталното здравје не застануваат тука. Доказите сугерираат дека употребата на паметни телефони и социјални медиуми предизвикуваат немир, го зголемуваат штетното однесување и самоубиствено однесување кај младите, а девојчињата се најранлива група од овој тренд.[1][2][3][4]
Иако ја разбираме итната потреба од кампањи за подигање на јавната свест и социјални политики кои промовираат средина која поттикнува дискусии за како младите да се справуваат со предизвиците на адолесценцијата во денешниот свет, треба да запрашаме што можеме ние самите да сториме за да се намали или да се запре овој тренд? Кои се примерите на најдобри практики или иницијативи во некои земји од Западен Балкан каде што се користеа технологија и социјални медиуми за борба против овој проблем?
Во Србија, организации како Окулар започнаа кампања за младите да можат анонимно да ги испраќаат своите проблеми и да разговараат со психолози, врсници и други лица преку Инстаграм или нивната веб-страница за проблемите што ги вознемируваа. Ова им овозможува на младите да бидат слободни да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат и за нивното ментално здравје.
Во Босна и Херцеговина, група средношколци создадоа апликација наречена „D-App“, која работи на справување со стигмите околу проблемите со менталното здравје и обезбедува професионална помош на оние на кои им е потребна. Дополнително, иницијативите како „Slon u sobi“ кои создадоа профил на Инстаграм, се покажа дека имаат најголем пристап до младите на кои можеби им е потребна помош или совет.
Ова се само неколку примери на добри практики во земјите од Западен Балкан и покажува дека социјалните медиуми штетат на менталното здравје, но и создаваат начини за негово подобрување. Клучно е да бидете свесни за опасностите по вашето ментално здравје кои можат да произлезат од прекумерната употреба на интернетот. Запознавање со овие ефекти ќе доведе до препознавање на промените во вашето расположение, чувства и благосостојба. Ако можеме да го користиме интернетот за да ја зајакнеме нашата благосостојба, како тоа да го направиме? Можете ли да ни посочите добрите практики кои го промовираат менталното здравје и работат на негово подобрување?
Eкспоненцијалниот раст на бројот на корисниците на социјалните медиуми во изминатата деценија е зачудувачки. Податоците покажуваат повеќе од половина од светската популација, или 4,4 милијарди луѓе, ќе користат дигитални платформи до 2025 година. Понатаму, статистиките покажуваат дека секое лице во просек има до 8,6 профили на социјалните медиуми, што е скоро двојно зголемено од 2014 година. Податоците покажуваат дека над 90% од младите, кои претсавуваат повеќе од половина од светската популација, користат социјални медиуми на дневна основа. Ова укажува на тоа дека технологијата и социјалните медиуми се длабоко навлезени во животот на младите.
Иако сме свесни дека социјалните мрежи имаат многу предности, како што се поврзување со други и креирање на мрежи на контакти, вклучување во дебати и зголемување на медиумската писменост, треба да се разбере дека социјалните медиуми можат да предизвикаат одредена штета. Првиот негативен ефект е влијанието на социјалните медиуми врз менталното здравје на една млада личност. Студија спроведена во 2019 година во САД покажа дека оние кои поминуваат повеќе од три часа на ден користејќи социјални медиуми, можат да бидат изложени на поголем ризик за проблеми со менталното здравје. Друга студија објавена во 2019 година во Англија открива дека користење на социјалните медиуми повеќе од три пати на ден негативно влијае на менталното здравје и благосостојбата на тинејџерите.
Истражете повеќе
За жал, доказите за негативните последици од користењето на социјалните медиуми врз менталното здравје не застануваат тука. Доказите сугерираат дека употребата на паметни телефони и социјални медиуми предизвикуваат немир, го зголемуваат штетното однесување и самоубиствено однесување кај младите, а девојчињата се најранлива група од овој тренд.[1][2][3][4]
Иако ја разбираме итната потреба од кампањи за подигање на јавната свест и социјални политики кои промовираат средина која поттикнува дискусии за како младите да се справуваат со предизвиците на адолесценцијата во денешниот свет, треба да запрашаме што можеме ние самите да сториме за да се намали или да се запре овој тренд? Кои се примерите на најдобри практики или иницијативи во некои земји од Западен Балкан каде што се користеа технологија и социјални медиуми за борба против овој проблем?
Во Србија, организации како Окулар започнаа кампања за младите да можат анонимно да ги испраќаат своите проблеми и да разговараат со психолози, врсници и други лица преку Инстаграм или нивната веб-страница за проблемите што ги вознемируваа. Ова им овозможува на младите да бидат слободни да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат и за нивното ментално здравје.
Во Босна и Херцеговина, група средношколци создадоа апликација наречена „D-App“, која работи на справување со стигмите околу проблемите со менталното здравје и обезбедува професионална помош на оние на кои им е потребна. Дополнително, иницијативите како „Slon u sobi“ кои создадоа профил на Инстаграм, се покажа дека имаат најголем пристап до младите на кои можеби им е потребна помош или совет.
Ова се само неколку примери на добри практики во земјите од Западен Балкан и покажува дека социјалните медиуми штетат на менталното здравје, но и создаваат начини за негово подобрување. Клучно е да бидете свесни за опасностите по вашето ментално здравје кои можат да произлезат од прекумерната употреба на интернетот. Запознавање со овие ефекти ќе доведе до препознавање на промените во вашето расположение, чувства и благосостојба. Ако можеме да го користиме интернетот за да ја зајакнеме нашата благосостојба, како тоа да го направиме? Можете ли да ни посочите добрите практики кои го промовираат менталното здравје и работат на негово подобрување?
[1] https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7012622/
[2] http://www.pewinternet.org/2015/04/09/teens-social-media-technology-2015/
[3] http://doi.org/10.1177/0956797616645673
[4] https://www.rsph.org.uk/asset/AAFB7DC1-35CE-4097-B26321C1667B5333.2D2662B7-A714-4ACB-A94A63BA544A8267
Share with friends!