Студентка
Универзитет Александар Моисиу, Драч
Слободата на изразување е едно од основните права на Европската Конвенција за заштита на човековите права и слободи. Како таква, слободата е и основа за демократијата и благосостојбата на луѓето. Исто така, слободата на изразување на социјалните медиуми останува главно неограничена.
Изразувањето на мислења и вербално и невербално (како на пример на социјалните мрежи) има еден вид морална одговорност кон секоја индивидуа. Ние го искажуваме нашето мислење слободно, се осврнуваме на социјалните теми и го гледаме како многу поедноставен мост за комуникација кога работиме со поширока група на луѓе.
Денес, важноста на овие медиуми расте. Влијанието врз одредени лица има поголем ризик. Голем број на јавни личности се следат во склоп на овие медиуми и како такви, нивното мислење предизвикува одредени реакции. Но, дали овој „слободен“ начин на изразување влијае врз индивидуите или влијае позитивно врз одредена група? Дали има позитивни реакции или повеќе критики и напади врз начините на размислување? Каква е реакцијата во случаи кога има напади врз овие медиумски платформи? Колку е безбедно и на кој начин сајбер-наадите влијаат на емоционалната состојба на лицето кое е нападнато? Ова се прашања што постојано се поставуваат, во една или друга форма.
Дигиталното време го прошири својот досег до секоја социјална димензија на човекот и пошиоко. Човекот од оваа ера може да го наречам „животно на вештачка интелигенција“. Секој ден се преку технологија се повеќе и повеќе ги роботизираме сите можни насоки на животот. Комуникацијата е проширена благодарение на технологијата. Секоја можна насока на животот на човекот има поврзаност со технологијата. Дали е тоа добра или лоша работа? „Секое добро на овој свет има зло зад себе“. Секако, олеснувањето што технологијата му го даде на човечкиот живот, комуникацијата без просторно ограничување и бришењето на концептот за далечина се многу позитивни придобивки. Од друга страна, некои вистински емоции што луѓето ги доживуваат имаат тенденција да „изумрат“, а вербалната комуникација има тенденција да се избегнува. Ова се случува од ден на ден затоа што социјалните медиуми даваат поголема слобода на изразување отколку на вистинскиот идентитет на луѓето кои ги искажуваат своите мислења. Тоа ја покажува позитивната страна на слободно размислување, но од друга страна, луѓето понекогаш ги испуштаат од „дофат“ секојдневни грижи кршејќи туѓ идентитет!
Младите стануваат сè позависни и приврзани за социјалните мрежи и за споделување на своите мислења на интернет. Исто така денес, преовладува феноменот на сајбер-напади, што влијае на оние кои слободно го искажуваат своето мислење (без да даваат злонамерни мислења што влијаат врз поединци, групи или одредена заедница).
Тинејџерите денес се клучот за оваа проблематична врска со сајбер-нападите, бидејќи тие се најранливи! Не можеме да ја сметаме слободата на изразување како начин да нападнеме некого на социјалните мрежи. И покрај тоа што ова не е казниво со закон во многу земји, тоа е нешто неподносливо! Бидејќи влијае на идентитетот, благосостојбата и психолошката состојба на секоја индивидуа!
Дури и ако постои слобода на изразување, нејзиното погрешно толкување и злоупотреба може да остави неизбежни последици за другите лица. Критиката е прифатлива во секое општество, но слободата на говорот завршува таму каде што е повредена слободата на друга индивидуа.
Споделете