БЛОГ
23 март 2021
ПОСЛЕДНИЦИ ОД COVID-19 ВРЗ ЕВРОПСКИОТ ПРОЦЕС НА ИНТЕГРАЦИЈА НА КОСОВО
БЛОГ
23 март 2021
ПОСЛЕДНИЦИ ОД COVID-19 ВРЗ ЕВРОПСКИОТ ПРОЦЕС НА ИНТЕГРАЦИЈА НА КОСОВО
ГЛПС
Пандемијата COVID-19 има влијание врз голе број на сфери од животот променувајќи го нормалниот проток на нештата. Несомнено, пандемиските ефекти се забележани и во процесот на европска интеграција.
Земјите-членки на ЕУ се соочуваат со најголема здравствена и економска криза од сите векови. Меѓу другите, земјите кандидати, како и оние кои се стремат да станат земји кандидати за ЕУ, се соочуваат со нетипични предизвици како резултат на пандемијата COVID-19. Не е прашањето дали пандемијата ќе влијае на процесот на интеграција или не, но повеќе до кој степен и во каква форма ќе влијае на процесот на интеграција.
Во случајот на Косово, најголемата штета беше направена во спроведувањето на Спогодбата за асоцијација за стабилизација (ССА), што е прв договор на Косово со ЕУ. ССА ги опфаќа сите домени на управување и ја воведува рамката за односи меѓу Косово и ЕУ до полноправно членство во ЕУ. По овие основи, ЕУ обезбедува механизмите за управување на земјата аспирант да ги исполнува стандардите на европскиот ентитет.
Имајќи го тоа на ум, 2020 година може да се смета како изгубена година во аспект на спроведувањето на активностите на ССА и утврдените приоритети. Реформите во образованието, здравството, борбата против криминалот и корупцијата и реформата на судството повеќе не се клучни приоритети на Косово.
Борбата против пандемијата, со спасување животи како заеднички именител, претставува клучен корпус на општествениот и политичкиот живот. Според таквата основа, процесот на интеграција ќе претрпи одложувања кои ќе имаат негативно и долгорочно влијание.
Реформите во секоја област ќе бидат потешки за спроведување. Всушност, Косово во нормални услови има стагнација во спроведувањето на активностите и во исполнувањето на приоритетите на ССА. Годината 2019 го одбележа најниското ниво на имплементација на ССА од 2016 година кога стапи на сила. Со новите случувања создадени како резултат на пандемијата, 2020 година може да постави нов негативен рекорд во овој аспект.
Влијанието на COVID-19 може да има импликации во демократското функционирање на централните институции и воопшто во политичкиот живот. Ова е повеќе случај во земји со не целосно консолидирани демократии, како што е случајот со Косово и со повеќето земји во регионот. Во период доминиран од COVID-19, дури и тенденцијата за злоупотреба на моќ е поголема.
Од гледна точка на глобална анализа, Косово можеби нема да го има целосното внимание на ЕУ и на земјите-членки за процесот на интеграција. Со опаѓање на економијата и влошениот здравствен систем, земјите-членки првенствено ќе се фокусираат на решавање на нивните сопствени проблеми, додека Косово и регионалните земји ќе бидат на радарот на ЕУ за поправање на штетите од пандемијата. Ќе биде потребно време за процесот на проширување да се врати како значајна агенда на ЕУ, а истото се однесува и на другите земји од Западен Балкан.
Без разлика на тоа, ќе биде доделен пакет за помош од 3,3 милијарди евра во корист на регионот, заедно со план за закрепнување по пандемијата со износ од 1,5 милијарди евра од Европската банка на инвестиции. Ова е позитивен развој што го означува присуството на ЕУ во регионот на Западен Балкан. Сепак, тоа не гарантира забрзување и исто така продолжување на процесот на интеграција.
Самитот во Загреб, виртуелно одржан на 6-ти мај 2020 година, беше значаен показател за одразот на пандемијата COVID-19 и влијанието што ќе го има врз регионот воопшто во однос на процесот на проширување. Самитот првично беше предвиден како можност посветена на политиката на проширување и постигнување на понатамошен напредок на кандидатите членки и потенцијалните кандидати членки. Сепак, целите на Самитот во Загреб беа разнишани со проширувањро на пандемијата COVID-19.
Агендата беше прилагодена и развиена околу три сегменти: одговор на здравствената криза и планот за закрепнување, европска перспектива на регионот и посветеноста на земјите од Западен Балкан кон воведувње реформи. Покрај тоа, терминот проширување или пристапување не беше вклучен никаде во заедничката изјава. Пандемијата ќе го продолжи процесот на преговори за земјите кандидати и исто така ќе предизвика одложувања во спроведувањето на законодавството на ЕУ и исполнување на потребните реформи од овој процес.
Иако финансиската помош и посветеноста на ЕУ за издржување на кризата може да обезбеди усогласување со земјите од регионот, особено со Косово, процесот на интеграција и пристапување нема да биде европски приоритет во следните месеци, можеби и во наредните години. Во овој аспект, долгорочното негативно влијание на COVID-19 ќе ги оптоварува регионалните земји и Косово. Со сегашниот ритам, се чини дека точката на придружување на земјите-членки ќе биде со „пандемијата во преден план“.
Врз основа на моменталната состојба, се чини дека во месеците и годините што доаѓаат, COVID-19 ќе биде политичката, економската, социјалната и еколошката движечка сила на агендата на ЕУ. Во ова сценарио, пандемијата ќе има долгорочно влијание врз Косово и регионот воопшто.
Од внатрешен аспект, ќе има одложувања во спроведувањето на реформите, барањата и обврските утврдени од ЕУ, а од надворешен аспект, процесот на евроинтеграција на овие земји нема да биде примарен приоритет на ЕУ.
Влијанието на пандемијата COVID-19 од овој аспект ќе биде во форма и во суштина. Предвидливоста на долгорочните импликации е тешко да се измери, но првите показатели не даваат високи ветувања.
Споделете