БЛОГ
9 март 2021
КОН ЕМАНЦИПИРАНИ МЕДИУМИ ВО АЛБАНИЈА? ДЕВОЈКИ И ЖЕНИ ВО ЗАБЛУДА
БЛОГ
9 март 2021
КОН ЕМАНЦИПИРАНИ МЕДИУМИ ВО АЛБАНИЈА? ДЕВОЈКИ И ЖЕНИ ВО ЗАБЛУДА
„Имаме одговор на сè“, или барем тоа е она што пребарувачите се обидуваат да го прокламираат со обезбедување бесконечни информации од разни извори, понекогаш анонимни, а некогаш лажни и погрешни. Она што е позагрижувачко е штетата што таквата информација им ја предизвикува на таргетираните лица и темите. Девојките и жените, лицата со попреченост и малцинствата се едни од оние кои се најранливи кога станува збор за центарот на вниманието на медиумите.
Постои тенденција да се прикажуваат девојките и жените како немоќни и познавања само во специфични области што спаѓаат во маргините на родовите стереотипи. На пример, студија за учеството на девојчињата и жените во ТВ-програми покажа дека приближно повеќе од 73% од поканетите панелисти се мажи, додека помалку од 27% жени. Овој јаз се зголемува кога станува збор за ТВ дискусии за политички и безбедносни прашања во кои активното учество на девојчиња и жени како панелисти е незначително.
Невидливата моќ на јазикот
Постои една стара поговорка на албански јазик која вели дека „јазикот нема коски, но коски крши“, употребата на јазик има огромна моќ, особено со зголемената употреба на технологијата и социјалните медиуми. Говорот на омраза и употребата на сексистичка терминологија се едни од неетичките начини на манифестирање нееднаква моќ меѓу жените и мажите. Таквите начини додаваат на маргинализацијата на положбата на девојчињата и жените во општеството и создаваат невидливи бариери врз нивниот процес на зајакнување.
Медиумите имаат клучна улога во зајакнувањето или намалувањето на стереотипите и дискриминацијата на ранливите групи и специфични теми. Некои од алатките што ги користат медиумите за да се направат тоа се наслови, провокативни коментари и употреба на сексистички и дискриминаторски јазик. Во патријархалното општество како што е Албанија, ваквите наслови го попречуваат унапредувањето на правата на жените и нивната позиција во општеството. Случаи на сексизам во медиумите се широко распространети во Албанија, тие можат масовно да се забележат во вестите на интернет порталите, рекламите, ТВ-емисиите и јавните панел дискусии.
Медиумите, со специфичен акцент на интернет порталите, имаат тенденција да ги објективизираат и обележат жените врз основа на тоа како се облекуваат, обликот на нивното тело и многу други аспекти што не треба да ги дефинираат вештините и способностите на една личност. Случаи на жени во новинарството кои добиле јавно навредливи и дискриминаторски коментари се забележани во разни ТВ-канали и панел дискусии. Не е ново да се гледа изложениот личен живот на девојчиња и жени, особено за оние кои се вклучени во медиумската индустрија. Употребата на лични напади како форма на отстапување од главниот аргумент се внесува во она што го бараат онлајн порталите за да станат атрактивни наслови и го продлабочува јазот во учеството на девојчињата и жените во јавниот живот.
Да се биде моќен… и жена?
Има неколку познати случаи на жени на високи извршни позиции во Албанија, во споредба со машките. На пример, 25,7% од деловните активности во Албанија беа насочени од страна на жени во 2018 година. Во повеќето случаи, ТВ-програмите прикажуваат девојчињата и жените во маргините на патријархалната концепција. Девојките и жените имаат тенденција да бидат поканети како говорници или уредници во теми како што се „најдобрите домашни рецепти“ „тајните за совршено чистење облека“ „како да се изгуби целулитот за 20 дена“. Едностраните наративи придонесуваат за постојан предизвик за зајакнување на жените и промовираат стереотипни родови модели кои стануваат стандард за тоа каква треба да биде улогата на девојчињата и жените.
Како можеме да одиме кон еманципирани медиуми кога „стандардот“ за добивање внимание на медиумите е преку тоа да се биде „жртва“ или кршач на нормите? Постојат бројни приказни за девочиња и жени во Албанија кои се инспиративни и поврзани со зајакнување, на нив не им треба глас за да бидат слушнати, тие веќе го имаат, она што им треба е отворен медиумски простор што прифаќа разновидност и промовира вклученост.
Споделете