Извор: Pixabay
Проектна асистентка
Центар за европска политика – ЦЕП
Клучен фактор во нашата хуманост е тоа што сме рационално способни да правиме избор. Развојот на интернет технологиите и социјалните медиуми забележа интервенирање во нашата способност да го сториме тоа. Ние веруваме дека изборите што ги правиме ги одредуваме ние, во зависност од информациите што ги примаме од нашите средини. Сепак, што ако тие информации се пристрасни или внимателно избрани? Дали сме независни кога одлучуваме? Вклучувањето на Фејсбук и Кембриџ Аналитика во изборите во САД во 2016 година беше еден од значајните настани што го покажаа влијанието на технологијата во нашите одлуки. Скандалот се однесуваше на добивање лични податоци на милиони Американци за политичко рекламирање. Одеднаш, она што ни беше презентирано преку разни алгоритми во форма на внимателно поставено рекламирање беше повеќе злокобно.
Четири години подоцна, имаме сличен и можеби поопасен сплет на околности. Почетокот на пандемијата COVID-19 донесе лажни информации што се ширеа побрзо од проверените факти.Што се однесува на овој феномен, терминот „инфодемија“ е создаден за да претставува употреба на премногу лажни или погрешни информации во дигитални и физички средини за време на епидемија на болест. Ова нашироко го вклучува брзото ширење на теориите на заговор што го сведуваат вирусот на идејата за доминација на светот од страна на неколкумина, контролата на населението и раздвојувањето. Овој феномен доведува до губење на довербата во владата и медиумските институции. Следниот дел од текстот ќе ги истражи геополитичките импликации на вирусот COVID-19.
Во Србија, во првите недели од пандемијата се случи рапидно ширење на вирусни пораки на WhatsApp од наводни ‘медицински експерти’ кои пропагираат грешни факти за потеклото, пренесувањето и спречувањето на вирусот. Десничарската теорија на заговор QAnon доби основа во Западен Балкан и тоа го прави до денес, сепак, обемот на истата сè уште не е познат. Додека владата на Србија ја уверуваше јавноста дека вирусот е под контрола, анонимните видеа што ги изложуваа тешките услови во болниците на COVID-19 повторно се појавија. Оттука, јавноста се сврте од медиумските институции во сопственост на владата како легитимен извор на информации.
ГЕОПОЛИТИКА НА ВИРУСОТ COVID-19
Освен што предизвика паника во јавноста преку дезинформации, вирусот брзо се претвори во геополитичко оружје. Расистички портрети за Азијците беа раширени низ балканските медиуми, кулминациите се случија во крајбрежните градови на Хрватска и Црна Гора, а азиските туристи носеа натписи „Јас не сум од Кина“. Откако јавната слика беше поправена од брзото управување со вирусот, Кина започна да ја води борбата против пандемијата со својата „дипломатска маска“ – испраќајќи медицински материјали во земјите кои се борат со вирусот, со надеж дека ќе ја подобри својата репутација. Видеата од кинески авиони кои слетаа во Италија со медицинска опрема и медицински тимови, брзо се проширија низ цела Европа, нарушувајќи го имиџот на Европската Унија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прокламираше дека „европската солидарност не постои“ и дека кинескиот претседател Xi Jinping е „пријател и брат“ на Србија. Кинеската помош за Србија и остатокот од Западен Балкан продолжи да биде прифатена во голема мера од државните службеници, додека помошта од ЕУ беше скромно прифатена за разлика од неа.
Српските државни медиуми произведоа многу написи во кои се тврди дека ЕУ ја напушти Италија, а подоцна и Западен Балкан. Сукцесијата на написи со лажни вести беа објавени во врска со забраните за извоз на медицинска опрема и разочарувањето од Италијанците беше претворено во „Italexit“. На крајот, шефовите на држави станаа главен извор на дезинформации. После говорот на Доналд Трамп, терапијата со хлорокин за COVID-19 или инјектирање на каков било вид средства за дезинфекција ги мачеше вестите со недели. Хаир Болсонаро, претседател на Бразил, славно го нарече вирусот „мал грип“.
Прашањето што го поставуваат гореспоменатите фактори, е дали и во која мерка лажните вести треба да бидат казнети или јавно ограничени? Како би влијаеле ваквите ограничувања на слободата на говорот? Може ли борбата против дезинформациите да го наруши нашето основно право на изразување? Во случајот на Европа, при крајот на 2020 година, Советот на Европа предупреди дека „кризните ситуации не треба да се користат како изговор за ограничување на пристапот на јавноста до информации или за критикување на критичарите“. Сепак, токму тоа се случи во случајот на некои земји во Југоисточна Европа. Унгарија го криминализираше ширењето лажни вести, додека слични ограничувања беа воведени во Република Српска, ентитет населен со Срби во Босна и Херцеговина. Во Србија имате право од три месеци до три години затвор доколку ве обвинат за предизвикување нарушувања и ширење паника. Во првите два месеци од пандемијата, десетина лица беа обвинети, според Министерството за внатрешни работи.
Постојат многу слични случаи ширум светот, некои поекстремни од другите. Во некои случаи, наметнатите ограничувања за споделување лажни информации не добија широко распространето јавно прифаќање. Затоа, тешко е да се одлучи дали овие ограничувања го надминуваат моралниот праг. Треба ли јавноста да се заштити од лажни вести? Дали слободата на изразување дозволува артикулирање на мислења, иако тие можат да бидат опасни? Одговорот е, можеби, во рамнотежата на двете. Денес, значењето на слободата на говорот варира помеѓу различните влади; па затоа идните генерации треба да се прилагодат на парадоксот на нејзината лошо формирана и постојано променлива дефиниција.
Споделете