БЛОГ
13 април 2021
Запоставување на животната средина во Србија – Немаме време за губење
БЛОГ
13 април 2021
Запоставување на животната средина во Србија – Немаме време за губење
Photo: Belgrade, April 2021. Credit: Nenad Stefanović
помлада истражувачка
Центар за европска политика – ЦЕП Белград
Во изминатите неколку месеци, Србија беше покриена со превез на смог, кој го отежнува дишењето и живеењето. Според дневната статистика дадена од AirVisual, која ја користи методологијата утврдена со американскиот индекс AQI, Белград, Смедерево и многу други српски градови се на врвот од индексот од 300, што значи дека воздухот и загадувањето се опасни по здравјето за сите. За време на пишувањето на овој блог, квалитетот на воздухот во Белград е на индекс 152, што значи дека тој се смета за нездрав и дека активности како што се вежбање надвор па дури и отворање на прозорец не се препорачливи. Покрај тоа, изминатиов викенд, илјадници луѓе и повеќе од 85 невладини организации се собраа на „Еколошко востание“ барајќи акција од владата на Србија со цел да го заштитат нивното основно човеково право да имаат безбедна средина. Ова демонстрира како луѓето во Србија започнаа посериозно да го разбираат овој проблем и создадоа своевидна критична маса која повикува на брза акција и промена. Граѓанските организации беа многу активни и гласни во изразувањето на нивното незадоволство од состојбата на животната средина и недостатокот на регулатива што го обезбедува правото на граѓаните на здрава животна средина наложено со член 74 од Уставот. Оттука, оваа тема треба дополнително да се испита и дискутира за да се види што прави Србија и како тоа се вклопува во нивниот пат кон станување полноправна членка на ЕУ.
Сосема е јасно дека прашањето за загадувањето на воздухот е хоризонтално и вкрстено. Да почнеме прво со разгледување на здравјето на општеството. Според извештајот за Состојбата на глобалниот воздух 2020, загадувањето на воздухот се смета за четврти водечки ризик и причина за предвремена смрт во светот, сочинувајќи 12% од сите смртни случаи, со повеќе од 6,7 милиони смртни случаи во 2019 година. Истиот извештај укажува дека поради големата количина на партикуларните честички, 2,5 во воздухот, во Србија над 3.600 луѓе умираат предвреме, од кои повеќе од половина се од Белград. Друго, поново истражување за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на српските граѓани, проценува дека 6.394 луѓе умираат предвреме секоја година како резултат на дишењето на екстремно загадениот воздух. Затоа, бидејќи Србија веќе страда од „белата чума“ и намалувањето на населението, оваа дополнителна смртност едноставно дополнително ќе ги намали капацитетите да станеме продуктивна земја членка на ЕУ, компромитирајќи го нејзиното членство.
Гледајќи ги буџетските алокации, Србија во моментов алоцира 0,5% од БДП за заштита на животната средина. Сепак, со оглед на тоа дека Поглавјето 27, насловено како Животна средина и климатски промени, сочинува една третина од законодавството, како едно од најскапите за спроведување, бара потреба буџетските алокации значително да се зголемат. Со цел да се исполнат приоритетите на ЕУ, предуслов е овие буџетски алокации да се зголемат на повеќе од 1% од БДП, или околу 500 милиони евра годишно. ЕУ веќе инвестираше околу 700 милиони евра, кои се вметнати во управувањето со животната средина од 2000 година, во директна корист на над еден милион граѓани преку обезбедување подобри услуги за управување со вода и отпад, почист воздух, побезбедни хемикалии и други. Земајќи го во предвид нивото на помош од страна на ЕУ во однос на овие прашања, имаат целосно право да бидат критични кон неактивноста на Србија за непостапување во овие сектори.
Згора на тоа, Србија е, всушност, во монетарна загуба и се става во полоша позиција преку спроведувањето на проекти без никакво внимание на еколошките опасности кои ги предизвикуваат. Голем дел од овие проекти и иницијативи се финансирани од трети актери, како што е Кина, со што се зајакнува нивниот веќе силен терен во земјата. Ling Long Tyres, на пример, учествувал во изградба на фабрика за гуми во градот Зрењанин. Според Институтот за регулирање на обновливите извори и животната средина, оваа фабрика се гради без соодветни дозволи, но уште поважно е без спроведена студија за влијанието врз животната средина и јавниот дискурс за истите. Не само што се смета дека овој вид на производство и активностите извршени во рамките на фабриката се „валкани“ и неодржливи, туку и финансирањето од страна на Владата на таквите активности е нелегално и со тоа влијае на непостојаната позиција на владеењето на правото во Србија.
Иако ова е само еден пример за тоа како постојните правила и закони се испревртени или надминати од страна на индустрискиот сектор, многу други примери на такви индустрии, исто така, влијаат врз животната средина. Железара Смедерево, RTB Bor, како и Rio Tinto и малите хидроцентрали, сите го воспоставија своето силно влијание врз состојбата на чистиот воздух и целокупните екосистеми и беа вклучени во списокот со причините поради кои исполнувањето на обврските од Поглавјето 27 се се подалечни. На кратко, сите овие примери покажуваат дека прашањата за животната средина во Србија доаѓаат на второ место по краткорочната економска добивка.
Во меѓувреме, Министерството за заштита на животната средина во Србија се уште нема развиено ажурирана стратегија за справување со деградацијата на животната средина, климатските промени и квалитетот на воздухот. Последната усвоена стратегија за справување со климатските промени и нејзините сродни проблеми беше усвоена во јануари 2010 година, што значи дека веќе 11 години Србија не гледа сериозно на деградацијата на животната средина. Владините службеници треба брзо да се соберат и да разговараат за тоа како ќе се постават во однос на регулирањето на овие важни прашања и да се подготват себе си за засилена имплементација на законодавството. Стратегијата не воспоставува за цел да дозволи постојано влошување на квалитетот на воздухот на годишно ниво, иако тоа постојано се случува. Затоа, недостатокот на посеопфатна стратегија е дополнет со фактот дека истата треба да се ажурира за да се запре овој тренд на влошување.
Во оваа сегашна фаза, станува се појасно дека Србија и нејзините официјални лица немаат решителност да се посветат на намалување на загадувањето на воздухот и справување со ужасната состојба на животната средина – области кои се од најголема важност за влез во ЕУ. Всушност, Енергетската заедница веќе презеде правни активности против Србија за непочитување на Директивата за големи постројки за согорување во 2018 и 2019 година, што значи дека Србија загадила повеќе отколку што се согласиле. Ова треба да послужи како повик за будење за донесувачите на одлуки бидејќи ова правно дејствие може да биде силен преседан за идни правни дејствија. Затоа, ако практиката на занемарување на животната средина продолжи да се одвива во Србија, може да се очекува дека ЕУ ќе стане помалку склона да толерира деградација на квалитетот на воздухот и нема да биде во согласност со загадувачките практики на српската индустрија, особено со оглед на нивниот негативен прекуграничен ефект.
За Србија да има дури и шанса да го отвори (и затвори) Поглавјето 27, и потенцијално да стане членка на ЕУ до 2030 година, треба да се подготви и да започне сериозно да работи на подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на емисиите. Ова станува се поважно со оглед на веќе споменатите намалувања на стапката на население и зголемувањето на предвремената смртност. Иако тие не се перципирани како такви од страна на официјалните лица, граѓанските организации остануваат клучен сојузник на Владата, кога станува збор за поттикнување одржливи практики што ќе ја зголемат усогласеноста на индустријата со меѓународно утврдените стандарди за загадување.
Споделете