Природата може да живее без нас, но ние не можеме да живееме без неа. Секој од нас ја користи околината за извршување на своите секојдневни активности. Се што има директна врска со луѓето неспорно влијае на околината. Секој ден стануваме се повеќе и повеќе неодговорни во однос на заштитата на животната средина, се чини дека се грижиме за тоа, но ние ја уништуваме.
Преку обрнување на поголем фокус спрема амбицијата за тоа како да заработат повеќе пари, човечките суштества го забораваат влијанието што нивните постапки го имаат врз животната средина. Условите на животната средина и квалитетот на животот се влошуваат, загадувањето на почвата, водата и воздухот влијаат негативно врз нив, а екосистемите и природните живеалишта на животните и растенијата постепено се уништуваат. Штетите во флората и фауната доведуваат до деградација, што резултира со губење на скапоцени аспекти на животната средина. При согледување на важноста на животната средина се јавува потребата да се заштити и да се грижиме што е можно повеќе, но за жал, не разбираме колку и штетиме а и на самите себе, нашата иднина, но и на нашите потомци. Без оглед на употребата на земјиштето во корист на човековите интереси, трошоците за животната средина можат да се минимизираат за да се спречат штети на животната средина. Загадувањето на животната средина се јавува кога природна површина на земјата е оштетена преку индустриски, трговски, земјоделски или домашни активности.
Еден од најефикасните начини да се минимизира ризикот од уништување на животната средина е преку управување со отпад на организиран начин, но исто така и преку употреба на земјиште и соодветни земјоделски практики на најмалку штетен начин. Технологијата, преку своите достигнувања во секоја област, може да направи овие механизми да бидат креирани доволно добро за да се вратат во функција на заштита на животната средина. Свесни сме дека случаите на загадување на животната средина во различни форми се многубројни и не сите луѓе или институции постапуваат одговорно да спречат тоа да се случи.
Некои се обидуваат да развијат активности за заштита на животната средина, додека други ја искористуваат околината на најварварски начин. На пример, со уништување на канјони за изградба на хидроцентрали, или претворање на реките во брани или депонии за ѓубре. Тие го прават ова притоа заборавајќи на каква вредност или богатство можат да носат овие места и дека утре со малку инвестиции, и со претпазливост наместо со уништување тие можат да ги претворат во голема туристичка атракција. Денес има малку јавни простори за млади, кои овозможуваат поминување време заедно, па дури и неколку простори што можете да ги најдете може да бидат во план целосно да се избришани од картата. Ова сепак не останува како проблем само за младите, туку за секоја возрасна група што има право да има пристап до јавни рекреативни простори.
Општествата низ целиот свет се соочуваат со разни проблеми како што се економски, социјални, културни и политички. Сепак, проблемите поврзани со животната средина се запомнуваат само на одредени датуми кои се симболични за заштита на животната средина. На кој било друг ден, околината е изоставена од фокусот до моментот кога ќе биде доцна да се преземат какви било активности за да се спаси, а и ние самите. Како и со сè друго, ние и ја сознаваме вредноста само кога ќе ја изгубиме, тоа е она што се случува со околината. Ние сме тие кои што се одогловлекуваме до оваа фаза, ние ја уништуваме иднината на сите без да сфатиме дека нема да има втора шанса за враќање назад. Затоа, треба да ја зголемиме нашата социјална и лична свест за да се фокусираме и да се грижиме повеќе за нашиот голем дом, околината.
Споделете