БЛОГ
29 април 2021
Говорот на омраза не е исто со слобода на говор
БЛОГ
29 април 2021
Говорот на омраза не е исто со слобода на говор
Извор: Slideteam
Психолог
Центар за афирмација и развој на млади
„Никој не е роден со омраза кон друга личност поради бојата на кожата, потеклото или религијата. Луѓето учат да мразат, и ако може да се научат да мразат, може да се научат и да сакаат, затоа што љубовта е многу поприродна за човечкото срце отколку спротивното “. – Нелсон Мандела
За почеток, мора да се разјасни разликата помеѓу говорот на омраза и слободата на говорот. Слободата на говорот е слобода на индивидуата да ги искажува своите сопствени мислења и ставови без страв дека ќе биде спречена или казнета. Говорот на омраза се дефинира како било кој вид комуникација што омаловажува лице или група врз основа на одредени карактеристики како што се националност и етничка припадност, раса, пол, религија или некоја друга карактеристика. Говор на омраза, според законот, е секој говор, гест, однесување, пишување или приказ што е забранет затоа што не смее да поттикнува предрасуди или насилство врз поединец или група или затоа што може да омаловажува или заплашува поединец или група. Говорот на омраза може да биде директен – со специфично повикување на насилство и индиректен – со ширење невистини. Постојат повеќе форми на содржина, групи на жртви, обрасци и методи за поставување говор на омраза.
Говорот на омраза може да се најде на различни платформи за комуникација, како што се блогови, социјални мрежи и некои веб-страници посветени на говор на омраза, видео игри, музика и видео содржина. Може да има и подиректна форма во приватни или електронски пораки. Денес, кога можете да бидете некој или никој, говорот на омраза постои повеќе од кога било досега. Можноста да бидат анонимни на социјалните мрежи им дава храброст на луѓето да ги искажат своите ставови „без страв“.
Насилството започнува токму во комуникацијата и треба да се постапува според причината, т.е. да се разбере процесот на комуникација што тргна наопаку со цел да се спречи насилството. Самиот говор на омраза се смета за средство за мешање во основната комуникација со цел да се донесат рационални одлуки. Тој директно влијае на емоциите на учесниците во комуникацијата и овој помага да се донесат ирационални одлуки со што таквите постапки можат да придонесат за насилство. Говорот на омраза може да предизвика страв, презир или гнев кон испраќачите на пораката, и затоа говорот на омраза е средство за поттикнување или предизвикување социјални конфликти.
Малкумина денес се ангажират со љубов, искреност и љубезност, во главно се занимаваат со омраза, иако луѓето во основа се родени добри. Денес, овој тип на говор е толку присутен во нашето општество што можеме да го гледаме како социјално отстапување, т.е. подобро кажано систематско отстапување. Едноставно живееме во свет во кој човечките изливи на омраза станаа исто важни колку и информациите што ги добиваме. Живееме во поларизиран свет каде ретко добиваме информации, но често добиваме емоции и кога ги примаме емоциите се јавуваат повеќе полови кои можат да бидат и позитивни и негативни.
За да се борат против говорот на омраза, медиумите мора да го почитуваат стандардот и мора да се придржуваат кон етичкиот кодекс што го регулира нивното однесување, а оние што шират говор на омраза треба соодветно да бидат казнети.
Споделете