ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

03. ноември 2021.

На што мислиме кога зборуваме за демократија?

Aвторот: Петранка Костадинова, Мастер студент за Одбрана, Универзитет во Љубљана

Разговорите за актуелни политички теми стануваат сè повеќе поларизирани, расправиите на интернет-платформите се полни со навреди, обвинувања, омаловажувања, лаги, измами и пропаганда. Но, што е значајно за демократија, кои елементи ги препознаваме како оспорувани во демократијата? Дали е сè уште тој систем преку кој сакаме да управуваме со нашето општество? Се чини дека постојат два сосема спротивни погледи на светот – лево и десно – кои не се согласуваат и не наоѓаат заедничка точка за ништо. Но, за што зборуваме   кога зборуваме за демократија? Постојат различни дефиниции и теории за демократијата, но и различни интерпретации и имплементации кои ги приоризираат личните интереси на одредена политичка елита.

Значи, ако во општеството нема договор за тоа што е демократија, како може таа да се одржи? Владеењето на народот важи сè додека граѓаните сè уште можат да учествуваат на слободни избори, а нивниот избор може да го промени светот на подобро. Но, како тоа може да функционира ако не се согласиме за тоа каков е подобриот свет и што всушност сакаме и очекуваме од тој демократичен свет. Историјата покажува дека дури и на демократски избори може да победи диктатор со екстремни ставови, но современата демократија е обележана со многу повеќе од само мислењето на мнозинството.

Демократијата може да се разбере и преку разбирање што не е демократија. Демократијата не е тиранија, не е диктатура, не е автократија на еден диктатор, грст луѓе, елити. Но, само во случај кога е одговорна за јавното добро и кога граѓаните имаат можност да ја контролираат таа елита.

И покрај силното верување во самата демократија како идеја, изгубена е довербата во нејзиното функционирање и во функционирањето на претставничкото тело како спроведувач на волјата на народот. Во комбинација со самата глобална природа на демократските практики и идеи, и сите процеси на глобализација како такви, ја ставаат демократијата во уште поголемо прашање. Зборот „криза“ денес често се користи за целиот тој збир заедно – кризата на демократијата како пракса и кризата на демократијата како теорија. Се разбира, ако го користиме терминот криза за моменталната состојба на демократијата, потребно е прво да откриеме што не е во ред и да ја покажеме и оваа криза.

Сегашниот концепт на репрезентативна демократија е незадоволителен. Ова се рефлектира на национално ниво, што тогаш секако одекнува на глобално ниво. Можеме да забележиме зголемување а демократиите што достигнуваат минимални стандарди, но во исто време бележиме и согледуваме пад на квалитетот на постојните. Ситуацијата е критична и сегашната либерална репрезентативна демократија е навистина незадоволителна. Луѓето се чувствуваат отуѓени и незадоволството се зголемува. Потребна е алтернатива што ќе ги отпушти вените на демократијата, затнати со идеи за конечноста на сегашната држава и прифаќањето на виртуелна држава без алтернативи.

Ситуацијата во демократијата, каде што алтернативите се сметаат за утопии и постојано подредени на постојните идеологии, е неодржлива за самата демократија и за луѓето. Демократијата не е еднонасочна улица, на демократијата и требаат содржини.

Треба да се побараат алтернативи, внатре и надвор од системот. Потребно е да се истражуваат патишта почнувајќи од делиберативни кон партиципативни концепти и да се трансформира постојниот систем. Треба да се најдат начини да се врати довербата на луѓето во демократијата и нејзиното функционирање. Луѓето треба да имаат чувство на контрола над демократијата за да имаат доверба во неа. Треба да ги зголемиме шансите за влијание врз системот што не вклучува само дополнителни избори. Нови механизми со кои ќе се вклучат младите во политичкиот свет, во опшеството, во согласност со напредокот, интензитетот на глобализацијата, технолошкиот развој, да се слушнат нивните идеи, во кои сум убедена дека се основани и достојни за имплементација. Сепак, (не)демократијата е нешто што се случува, сега, овде.  Механизми со кои ќе ги поттикнеме да преминат од пасивни во активни државјани кои ќе се заинтересираат за данокот кој го плаќаат.

На овој начин, можеме да ја зголемиме контролата и со тоа да имаме доверба. Разбирлив е револтот на населението, сепак тоа е резултат на незадоволство од владеачката гарнитура. Но, силата и моќта на одлучување е во рацете на народот, а тоа треба да се искористи на соодветен начин. Неопходно е да се истражи силата на движењата и протестите и преку нив да се започне потребната трансформација.

Исто така, потребно е да се идентификуваат можностите за искористување на новите технологии и каналите што тие ги овозможуваат. Свесни за нивнитенедостатоци и опасности, тие се најдобрата алтернатива на сегашниот медиумски простор. Со оглед на тоа што сè помалку има простор за критика и се повеќе сеопфатен популизам и приврзаност кон хегемонистичкиот либерален концепт.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Напишете коментар