Анеса Омерагиќ и Лола Пауновиќ
Кога Нетфликс го објави својот документарец „Социјална дилема“ на 26 јануари, многумина започнаа критички го разгледуваат и да го доведуваат во прашање користењето на социјални мрежи и платформи кои обезбедуваат слични услуги, како што се Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Многу луѓе го намалија времето кое го поминуваат на овие платформи, а други одлучија подетално да се запознаат со политиките на приватност. Дополнително, сознанието од документарецот дека податоци на корисниците предизвика непријатно чувство кај многумина заради сознанието дека нивните податоци се насекаде. Ако случајно не сте запознаени со документарецот, заплетот се базира на истражување на разноврсните опасни ефекти од користење на социјалните мрежи. Вклучувајќи експерти кои работеле на развој на разни социјални мрежи, документарецот ги илустрира негативните аспекти.
Иако веруваме дека документарецот ја подигнува свеста за секојдневните проблеми, како што е употребата на приватни информации за маркетинг цели, сметаме дека секој просечен корисник веќе треба да биде запознаен со ваквите проблеми преку употреба на социјалните мрежи или преку истражување. Па тогаш кој е вистинскиот проблем?
Па тогаш кој е вистинскиот проблем?
Прво, кога нешто се нарекува дилема, особено „социјална дилема“, се поставува прашањето каде е дилемата. Ние не можевме да најдеме ниту еден дел во текот на 94те минути од документарецот што ги разгледува позитивните аспекти на Интернетот. Затоа ова не може да се нарече дилема, туку е монолог на монотони идеи. Ако во документарецот беше презентирана барем една позитивна карактеристика на интернетот, како што се можноста за поврзување и достапноста на информациите, би можеле да се имаме вистинска дебата за презентираните проблеми.
Второ, статистичките податоци презентирани во овој документарец се многу загрижувачки. Документарецот цитира наоди од студија направена од МИТ која покажува дека стапките на анксиозност и депресија кај младите експоненцијално се зголемуваат од 2011 година. Приемите во болница поради самоповредување кај девојчиња помеѓу 15 и 19 години се зголемени за 62% и 189% кај девојчиња помеѓу 10 и 14 години. Документарецот исто така наведува дека статистичките податоци се слични кога станува збор за самоубиство. Споредбено за 2000-тите и 2010-тите години, самоубиствата кај девојчињата помеѓу 15 и 19 години се зголемило за 70%, а кај девојчињата помеѓу 10 и 14 години за 151%. Документарецот прави директна корелација помеѓу овие статистички податоци и употребата на социјалните мрежи.
Ние не можевме да најдеме ниту еден дел во текот на 94те минути од документарецот што ги разгледува позитивните аспекти на Интернетот. Затоа ова не може да се нарече дилема, туку е монолог на монотони идеи.
Реалноста е дека не постои валидно истражување кое докажува дека повеќе девојки се самоубиваат поради негативните ефекти од социјалните мрежи. Фактот дека постојат такви статистички податоци наведува на тоа дека општествената свесност е зголемена и дека се посветува повеќе внимание на различните фактори кои влијаат на менталното здравје. Така, не може дедуктивно да заклучиме дека зголемената употреба на социјалните мрежи резултираше со зголемување на стапката на самоповредување и самоубиства – тоа може да биде еден од факторите, но нема директна корелација.
Трето, филмот ја игнорира проактивноста на социјалните мрежи успеаја да вметнат програми во нивните политики на приватност и алгоритми кои се користат против ширењето на дезинформации. Документарецот објаснува дека дезинформациите или популарно познатите „лажни вести“ се шират на Твитер шест пати побрзо од верифицираните вести. Многу социјалните мрежи како што се Фејсбук и Твитер создадоа механизми со кои ја проверуваат точноста на споделените информации, а со тоа се се подобрува системот на пренесување информации. Иако социјалните мрежи презедоа мерки на претпазливост и стануваат сè понапредни, овие платформи не треба да се третираат како релевантен извор на информации. Дополнително, тоа што платформите користат алгоритми за да ни презентираат персонализирана содржина не претставува проблем. Одговорноста за информирање од повеќе извори е наша, а не на овие мрежи. Примери за веб-страници кои обезбедуваат проверка на факти се „Raskrinkavanje “ или „Fake news tracker“.
Придобивките од социјалните мрежи ќе бидат минимални доколку не ни биде прикажана персонализирана содржина. Гледајќи содржини кои нè интересираат, имаме можност да пристапиме до море од информации и да станеме експерти во дадена област. Жан Пол Сартр рече: „Човекот е осуден да биде слободен затоа што откако ќе биде фрлен во светот, тој е она што ќе направи во својата дејност“. Преземање на лична одговорност за користењето на социјалните мрежи и интернет и оставањето на вашите податоци во бездната на Интернет, е клучно. Нема дилема – ние сме одговорни.
Share with friends!