Може ли таа?
БЛОГ
6. јануар 2021.
Може ли таа?
БЛОГ
6. јануар 2021.
Photo credit: Evalart
Живеењето во 21от век е значително поедноставено со употребата на технологиите. Овој сектор напредува секојдневно, на дневна основа, континуирано поместувајќи ги претходно поставените граници. Експоненцијалното создавање на нови можности се должат на економската активност и дигитализирањето на пазарите. Неодамнешните студии пак покажуваат дека до крајот на 2020 година, Европа ќе има недостаток од најмалку 700 000 ICT професионалци.
Иако овие можности може и ќе служат како сериозни поттикнувачи на еконмскиот раст, фокусот треба да се насочи и кон промовирање на вклученоста на жените во овој сектор, ИКТ секторот во Европа се состои од скоро осум милиони специјалисти од кои само околу 17% се жени. Европскиот центар за развој на стручна обука предвидува дека побарувачката за STEM професионалци(Наука, технологија, инженерство и математика) ќе порасне до 8% до 2025 година, што значи дека овој родов јаз ќе стане уште поголем.
Важно е да се напомене дека, зголемување на ангажманот на жените во овој сектор е од голема важност, не само за Европската Унија, туку и за земјите низ целиот свет. Имајќи ја во предвид потребата за повеќе квалификувани работници, а според статистичките податоци мнозинството со завршено високо образование се жени, сосема е природно тие да ги пополнат овие работни позиции. Решавање на овој родов јаз во рамките на секторот би била одлична можност да се процени и реши разликата во платите, што е и долготраен проблем на ЕУ. Дополнително, тоа ќе овозможи жените да влезат на работните места кои се подобро платени од оние во секторите кој што се сметаат за традиционално женски сектори.
Родовиот јаз во овој сектор во земјите од Западен Балкан е се уште присутен и доста распространет. Со текот на годините, земјите на ЗБ спроведоа неколку проекти кои се залагаат за понатамошно образование на жените во ICT, но исто така ја зајакнуваат и нивната вклученост во самиот сектор. На пример, Србија „гордо“ има една од највисоките стапки на вклученост на жените во овој сектор – од 5 експерти, 1 ќе биде жена. Податоците за Северна Македонија пак покажуваат слични патерни, каде што 21% од нивниот ICT секотор е составен од жени. Другите земји на ЗБ демонстрираат пониски оценки, но трендот се зголемува во последните неколку години.
Како пример за добра практика може да се спомене проектот спроведен од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации (МТТТ) наречен „Девојки во технологија“, развиен во партнерство со Американската трговска комора во Србија (АМЧАМ Србија) како дел од програмата за зајакнување на жените во ИКТ секторот за 2019 – 2020 година. Општата цел на проектот е да се обезбеди професионална обука на студентики како и да овозможи вмрежување и наоѓање на поддршка пред да заполната со својата кариера во овој сектор. Програмата е наменета за скорешни дипломци или студенти во последната година на студирање од два Универзитета во Белград и еден Универзитет од Нови Сад. Оваа програма има за цел и да ги вклучи оние кои сакаат да стекнат прво професионално искуство, практично знаење и да се запознаат со деловните процеси во успешни компании. Нудејќи континуирано менторство од жени кои моментално се на терен и имаат долгогодишно искуство во овие сектори.
Дали сте забележале ваков тип на инцијативи во вашата земја кои работат со млади жени од ИТ секоторот? Пишете ни подолу…