Извор: pxhere
Волонтерка
Институт за европска политика – Скопје
Интернетот стана главен носител и протагонист на оваа ера. Тој може без напор да ја трансформира имагинацијата во реалност. Со кликнување на една икона, корисникот (на интернетот) може да ги добие сите информации кои му се потребни. Приврзаниците на интернет-информациите сè повеќе веруваат дека интернетот е предвесник на новата информативна револуција која е директно заинтересирана за поголема вклученост на граѓаните во современиот свет.
Современото општество може да се илустрира преку концептот на „информатичко општество“, во кое се одвиваат бројни економски и социјални активности во согласност со информациите што континуирано пристигнуваат во него. Информатичкото општество е составено од два клучни елементи: достапни комуникациски инструменти и корисници. Интеграцијата на софтвер и хардвер, комуникации и телекомуникации е во суштината на информатичкото општество. Тоа нуди активно учество на физички лица, правни лица, државни тела и влади.
На глобално ниво, околу 59% од населението се активни на интернет. Зошто? Бидејќи интернетот има многу да понуди. Почнувајќи од неограничениот извор на информации, достапниот инструмент за комуникација, како и помошта за подобри перформанси на училиште / работното место, нашиот денешен живот е многу поедноставен со појавата на интернетот. Освен што ни овозможува целосен пристап до информации и напредок во понатамошниот развој, тој исто така остава позитивна трага во областа на економијата преку отворање можности за маркетинг и поддршка на малите бизниси на кои им е потребен раст и признавање.
Сепак, само неколку можат да ги забележат предизвиците и ризиците скриени зад нашиот екран. Со тоа што се има пристап до бесплатна платформа која го менува животот, не значи дека се има пристап до безбедна платформа. И покрај тоа што промовира слобода на говор и отвореност, никој не може да ги заштити корисниците од чинот на кршење на човековите права. Враќајќи се на алтернативата за информациите, почесто доаѓа до експлоатација на пристапот кон информацијата, притоа предизвикувајќи дезинформации. Информациите лесно можат да бидат злоупотребени од бескрупулозните корисници на интернетот, или пак дискусиите на некои теми може да дегенерираат во размена на навредливи бесмислени дијатриби, кои немаат никаква врска со реални информации. Интернетот може да ги доведе луѓето во состојба на целосно отуѓување, универзум во кој има многу човечки контакти, но нема човештво.
Прилично е едноставно, колку е поголема свеста на граѓаните за настаните што ги опкружуваат толку повеќе ќе се зголемува интересот за влијанието во социјалните сфери. Ова влијание е особено клучно во политичката сфера. Сите официјални информации што произлегуваат од најтесните политички структури на државата (парламент, влада …) се директно достапни за сите граѓани и имаат еднаков партиципативен пристап до информации. Информативната револуција отелотворена преку полесен пристап до информации, поголема ефикасност на административните услуги и зголемено учество на јавноста во донесувањето одлуки може да создаде можност за директно обновување и зајакнување на демократските процеси.
Како производители и предаватели на информации, новинарите се во центарот на информатичкото општество. Новинарството може да се сфати како начин на учество. Проширувањето на мрежата и појавата на социјалните мрежи придонесоа за длабоко сомневање во поделбата меѓу производителите и потрошувачите на информации, како и за релативното замаглување на границите помеѓу новинарството и комуникацијата. Производителите на информации имаат моќ да ја информираат пошироката јавност, сепак читателите имаат проблем при откривање на сигурните извори. Новите форми на медиумско известување се помалку ги земаат во предвид традиционалните стандарди на добрите практики за новинарство. Традиционалното новинарство подразбира културна одговорност на ниво пред општеството како целина. Со цел да се спречи пад на соодветните новинарски механизми за саморегулација мора да се спроведат, ова не само што ќе го подигне неговиот квалитет, туку и ќе го контролира ширењето лажни вести. Ова не се смета за ограничување на нашата слобода на изразување бидејќи нуди заштита од говор на омраза која им наштетува на други.
Имајќи во предвид дека нивото на недоверба во медиумите се зголемува, приложени се начини на кои може луѓето да се осигураат дека информациите што ги читаат се точни. Потребно е да се пронајдат имињата што стојат зад издавачот, датумот, како и дали некој друг споделил ваков тип на информации. Други пристапи се проверка на правната најава и протоколите HTTPS. Ако ништо од тоа не изгледа сигурно, читањето треба да заврши тука.
Дали има некој од повисоките основи што придонесува за решавање на овие прашања од модерната ера? Што може да се направи за да се потиснат предизвиците на лажните вести без да се наруши слободата на изразување? Европската Унија се карактеризира со временска рамка на настани кои ги има преземено врз основа на справувањето со ширењето на дезинформации и да враќањето на кредибилитетот на интернетот. Денес, скоро сите социјални мрежи се согласија за Кодексот на однесување, користен како одговор на ширењето на расизмот и ксенофобијата на интернет. Идејата е дека сите IT компании ќе се држат до кодот и ќе ги избришат сите нелегални ширења на содржини. Најновиот режим што се применува е акциониот план против дезинформациите усвоен во 2018 година од страна на Европската комисија, кој вклучува неколку мерки и систем за брзо предупредување предизвикувајќи бришење до 80% од нелегалната содржина, од кои 70% од нив исчезнуваат во период од 24 часа. Земјите од Западен Балкан се на разочарувачки ниско ниво кога станува збор за медиумска писменост и доверба во институциите поврзани со медиумите. Еден предлог за надминување на предизвиците на дезинформација, без нарушување на слободата на изразување, е да се користат сите достапни актери и да се подигне свеста на што е можно повисоко ниво.
Мрежите често се карактеризираат со слободна страна на социјалните врски, релативно лесно се создаваат и се подразбира дека имаат дефинирани граници во смисла на должностите. Зголемувањето на удобноста, брзината и опсегот на услуги достапни во информатичкото општество истовремено значи и рушење на традиционалните етички стандарди и губење на анонимноста која е од голема вредност во оваа европска област. Досега се веќе релативно познати регулативите и иницијативите што се спроведуваат на ниво на ЕУ, кои резултираа кон голем чекор нанапред во однос на глобалната заштита на медиумите. Други предности може да се видат во демократијата и професионалните подобрувања што производителите на информации треба да ги земат предвид за да помогнат во одржувањето на довербата. Освен овие, она што треба да се истакне е личниот раст и повисоките сфаќања на полето. Нашите идни генерации треба да бидат воспитани за да препознаат што е реално и не ги обиколува. Соодветниот развој на ова ново општество целосно зависи од нас, граѓаните. Нашата должност е правилно да ја користиме технологијата и да ги зајакнуваме начините на кои сите ќе можеме одговорно да придонесеме за посветла технолошка иднина. Она што е задолжително е да се научи е правилното употребување на придобивките што ги нуди информатичката технологија, особено во областа на зајакнување на граѓанската самодоверба и довербата во демократското вклучување на граѓаните во системот на управување. Граѓанското општество претставува најважна кохезивна сила во информатичкото општество. Доколку се воспостават соодветни закони и стандарди, судовите ги засилат законските казни за оние кои се занимаваат со дезинформација и доколку излеземе од меурите создадени од интернетот, ќе можеме да се надминат овие виртуелни измами и ќе им се овозможи на луѓето да учествуваат во општеството без зло.
Споделете