Извор: Slideteam
Социолог
Центар за афирмација и развој на младите
Прашањето што си го поставуваме секој ден е колкаво е влијанието што социјалните медиуми го имаат врз нашите животи и дали тие ни имаат донесен или имаат одземено нешто од нас. Прозорец кон светот, нови погледи, нови познанства, сè е ново – и дали тоа е нужно добро? Од самиот почеток, ние со ентузијазам ги прифативме социјалните медиуми, ни овозможија да стапиме во контакт со пријатели и роднини од другата страна на светот, да разменуваме емоции со луѓе што не можеме да ги допреме и да бидеме во тек со клучните моменти од нашите животи и ние сме благодарни за таа можност.
Сепак, исто така послужија и како изговор за поместување на интеракцијата „лице в лице“ во виртуелната рамка за комуникација. Младите најчесто ја користат оваа негативна страна на социјалните мрежи, при што остваруваат помал физички контакт и помалку контакт очи во очи, и сметаат дека е поедноставно да ги изјаснат своите коментари како анонимни коментатори.
Неуспехот да се соочиме со последиците од кажаното, не може да биде добар за развојот на личноста, и на тој начин започнува да функционира во склоп на кругови на животни одлуки без да се погледне околината и последиците од стореното и кажаното.
Повторно, ова поле на виртуелен конфликт може да се затвори со само исклучување на уредот со цел да се спречи негова рефлекција врз реалниот живот, но останува прашањето колку некој е имун на лошата енергија која што се разменува. Говорејќи директно, ние често не можеме да се држиме до концептот „размисли пред да кажеш“, а додека пишуваме, секогаш можеме да се преиспитаме и да си потврдиме насебе си дали е напишаното најдобро што можеме да го кажеме во дадена ситуација на дадена тема.
Протокот на информации што ни го даваат социјалните медиуми во различни периоди може да бидеод голема вредност, тие можат во секој момент да ни дадат одговор, а несомнено е и за решенијата кои можеме да ги најдеме за одредени проблеми. Индивидуалните интереси се опфатени со дискусии на социјалните медиуми, вклучувајќи и некои лични искуства. Големи директориуми и адресари кои ги красеа полиците до фиксниот телефон, сега кружат низ социјалните мрежи, а секоја активност и до одредена мерка и личност ни е постојано достапна. Секој од нас има избор и слобода да одлучи колку ќе е изложен за другите. Постојат корисни информации, но исто така лажни и потполно бескорисни и збунувачки информации, при што некој доволно образован исто така може да има негативно искуство од истите. Постојат соодветни групи и институции на социјалните медиуми и потребно е оние што ќе избереме да ги следиме да се релевантни. Заедно со развојот на социјалните медиуми, еволуираа и програми што можат да ја „дотеруваат“ фотографијата, убаво дефинирајќи ја пред да и биде претставена на јавноста. Луѓето на тој начин се на праг да споделат со другите како би сакале да изгледаат, а главно сето тоа завршува со физички изглед. Дали луѓето ги збунуваат само оние што ги следат или тие самите остануваат збунети меѓу тоа кои се и како другите ги перцепираат? Јас секогаш би се придржувала на „биди тој што си“ затоа што мислам дека е подобро за ментално здравје, а кога станува збор за физичко здравје и изглед, може да се најде некаква мотивација преку убаво уредените фотографии. Социјалните медиуми станаа нов пазар, можностите за заработување пари се достапни за секого, а да се биде креативен не е задолжително, иако полето за изразување на креативноста е совршено. Луѓето од целиот свет можат да разменуваат производи и идеи имајќи директна корист од тоа.
Постојат многу луѓе кои се уште сакаат лично да ги видат работите што ги купуваат и ги држат во свои раце пред да ги купат. Во таа смисла, верувам дека сепак треба да држиме нечија рака, да воспоставиме контакт очи во очи, да размениме вистинска насмевка и емоции, бидејќи тоа е повредно од материјалните добра.
Споделете